Жалгирис е во серија од шест натпревари без пораз, а иста серија има и Ритераи, ама без победа (Фото)

6701 – Ирска (Ж) – Франција (Ж) (21:00)

Пријателски натпревар на женските репрезентации на Ирска и Франција, во кој гостинките влегуваат како апсолутни фаворитки. Франција е во серија од шест натпревари без пораз, додека Ирска има само две победи на последните пет натпревари, и тоа против противници од Африка, Замбија и Мароко. Двете репрезентации имаат одиграно два меѓусебни натпревари и двапати победила Франција, дома со 4-0 и на гости со 3-1.

Предлог тип: 2 & Т2 3+ (1.96)

 

6204 – Португалија (19) – Италија (19) (18:00)

Второто коло од Европското првенство за фудбалери до 19 години го отвораат репрезентациите на Португалија и Италија. Дуел на европски гиганти и борба за првото место во групата за да се избегне Шпанија во полуфиналето. Двете репрезентации се очекува да одиграат отворен и ефикасен фудбал, но и традиционално дуелите на овие селекции во младинските категории секогаш изобилуваат со голови.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.25)

 

5253 – Ал-Масри – Харас ел Ходод (19:30)

Натпревар од Купот на Египет во кој домашните влегуваат како големи фаворити. Освен победа на Ал-Масри на денешниот дуел, се очекува дека нема да има многу погодоци бидејќи на последните шест натпревари помеѓу овие две екипи не биле постигнати повеќе од три погодоци.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.02)

 

1291 – Фјолнир – Леикнир (20:30)

Домашниот Фјолнир влегува како голем фаворит против Леикнир, пред сè поради позициите на табелата, каде што домаќините се второпласирани со 18 бода, додека гостите се десетти само со 8 бода. Сепак, Леикнир има одличен напад и знае да постигнува погодоци, а пет од последните шест натпревари помеѓу овие две екипи завршуваат со погодоци во двете мрежи.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.45)

 

3551 – Жалгирис – Ритераи (18:00)

Екипата на Жалгирис е голем фаворит во дуелот против Ритераи во рамките на првенството на Литванија. Актуелниот шампион на оваа балтичка земја и противник на Струга Трим Лум во квалификациите за Лигата на шампионите е во серија од шест натпревари без пораз, а иста таква серија има и Ритераи, но без победа. Жалгирис го има најдобриот напад во лигата и се очекува дека и денес ќе биде ефикасен.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.00)

- Оглас -

Најнови вести