Денес во Романија започнува Европското ракометно првенство за ракометарки до 19 години. Македонија ќе биде дел од континенталниот собир на најдобрите младинки и ќе игра во група со Црна Гора, Данска и Чешка.
Европското првенство го отвораме денес, со дуел против Црна Гора во 18:45 часот, а според квотите во Sport Life, Црногорките се фаворитки со квота од 1.40.
Доколку одиграте патриотски на Македонија, тогаш квотата е многу поголема, 3.75.
На првенството учествуваат 16 репрезентации, а целта на нашата селекција е да се обезбеди опстанок и да се избегне повторно играње на ЕХФ шампионатите.