Официјално: Милан Шкринијар е нов играч на Пари Сен Жермен!

Словачкиот дефанзивец Милан Шкринијар официјално е нов член на Пари Сен Жермен. Досегашниот фудбалер на Интер потпиша петгодишен договор со Светците и ќе биде нивен играч под договор до летото 2028 година.

Шкринијар пристигна како слободен агент откако му истече договорот со Интер, во кој мина шест сезони и одигра 246 меча за Нераѕурите.

Се шпекулира дека платата ќе му биде околу 9 милиони евра по сезона. По Словакот, се очекува ПСЖ да ги официјализира договорите и со приновите Лукас Ернандес, Мануел Угарте, Канг Ин-Ли, Марко Асенсио и Шер Ндур.

 

- Оглас -

Најнови вести