Чави има големи апетити со Барселона, но признава дека му фалат уште делови за сликата да е комплетна

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, го имаше првото официјално излагање во пресрет на новата сезона. Каталонскиот гигант пред неколку дена ја започна летната подготовка за преизвиците кои следуваат, а Чави зборуваше за плановите и целите на екипата.

„Целта ни е да ја освоиме Лигата на шампиони. Не сме фаворити, но ние сме Барселона. Летвичката треба да ја поставиме на највисоката можна граница“, вели Чави, кој минатата сезона со Барселона не успеа да ја помине ниту групната фаза во Лигата на шампиони.

Неколку искусни и стандардни фудбалери си заминаа од екипата, но според Чави, ќе пристигнат нови квалитетни засилувања. Засега уште не се знае кој фудбалер ќе ја добие капитенската лента.

„Со заминувањето на Бускетс и Алба загубивме многу. Тие беа лидери во соблекувалната. Тука се Серхио Роберто, Тер Штеген. Ќе има избор за нови капитени, тука владее демократија. Го добивме Гундоган, кој е роден победник. Беше капитен на Манчестер сити и ја освои Лигата на шампиони. На теренот ќе играат најдобрите. Не е важно дали има 16 или 38 години, важно е да е добар за во првиот тим. Сепак, ни недостасуваат уште неколку делови за сликата да биде комплетна“, објасни Чави.

- Оглас -

Најнови вести