Корејскиот одбранбен играч Ким Мин-јае во моментов е на отслужување на задолжителниот воен рок во својата земја, а истовремено чека информации околу текот на процедурата за комплетирање на неговиот 50-милионски трансфер од Наполи во Баерн Минхен.
Ким се согласи да премине во баварскиот гигант, но за официјализација на договорот, кој ќе биде на пет години, ќе треба и да мине лекарски тестови. Лекари на Баерн веќе се во Јужна Кореја.
На социјалните мрежи се појави и една фотографија на која Ким е заедно со други корејски војници спремни да ја бранат својата земја. Наскоро Ким треба војничката униформа да ја смени со дрес на Баерн.