Бензема е виновен за расколот меѓу Мбапе и ПСЖ?!

Килијан Мбапе и ПСЖ водат војна на зборови во медиумите и на социјалните мрежи, а вината за тоа лежи и во Карим Бензема, пишуваат француските медиуми.

Според медиумите, преговорите меѓу Мбапе и ПСЖ за продолжување на договорот до 2025 година оделе во добра насока сè до моментот кога Карим Бензема одлучи да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Саудиска Арабија.

Тогаш Мбапе ги стопирал преговорите со челниците на ПСЖ надевајќи се дека многу брзо ќе се пресели во Реал Мадрид.

Мбапе потоа им најави на челниците на Светците дека ќе одигра претстојаната сезона за ПСЖ и ќе инкасира 150 милиони евра од плата и бонуси и идното лето ќе се пресели во Реал Мадрид како слободен играч.

Тој потег не им се допадна на челниците на ПСЖ и претседателот Насер Ал-Келаифи изјави дека или Мбапе ќе потпише нов договор или ќе биде продаден уште ова лето.

Желбата на фудбалерот е да се пресели во Реал Мадрид, кој подготвува понуда тешка 200 милиони евра за да го донесе напаѓачот на „Сантијаго Бернабеу“ уште ова лето.

https://twitter.com/Philipmelo126/status/1677227925198733315?s=20

- Оглас -

Најнови вести