Српската тенисерка Наталија Стевановиќ приреди уште едно шоу на Вимблдон откако успеа да се пласира во третото коло на гренслем-турнирот. Стевановиќ е дебитант на гренслем-турнирите, но неискуството не ѝ е препрека да победува подобро рангирани тенисерки од нејзе.
Во второто коло, денеска, Стевановиќ со 7:5, 7:5 ја победи Тамара Корпач од Германија, која е за 103 позиции подобро рангирана од Србинката. Маратонски беше мечот и траеше повеќе од два и пол часа, а во клучните моменти Стевановиќ беше подобра.
Во двата сета беше 5:5, Стевановиќ потоа го добиваше својот сервис за водство од 6:5, а потоа успеа двапати да направи брејк и на тој начин со 7:5 да ги добие двата сета и да се пласира во третото коло.
World No. 225 Natalija Stevanovic defeats Tamara Korpatcsh 7-5, 7-5 to record her fifth straight win and reach the 3rd round of #Wimbledon as a qualifier.
Incredible effort and run for a player that usually plays on the ITF tour. This can really change things for her, not only… pic.twitter.com/gKralId4fw
— Gaspar Ribeiro Lança (@gasparlanca) July 7, 2023
Стевановиќ во првото коло ја елиминира некогашната најдобра тенисерка во светот Каролина Плишкова, а сега во третото коло ќе игра против Петра Квитова, која е поранешна освојувачка на Вимлбдон, а моментално е на деветтото место на ВТА-листата.
Стевановиќ е вистинска хероина на Вимблдон не само поради двете победи, туку и поради тешкиот период во животот и минатата година дури размислувала да се откаже од тенисот. Изминатите неколку години таа имала операција на црниот дроб, тешко воспаление на бубрезите, вирусно воспаление (сипаници) и хормонски проблеми. Но, успеа да ги надмине сите проблеми, продолжи со тенисот и сега е главна сензација на женскиот турнир на Вимблдон.
Србинката која има 28 години, како дете тениските вештини ги учеше во Скопје. Во периодот од 2007 до 2012 година, Стевановиќ, која тогаш го носеше презимето Костиќ, живеела во Скопје и тренирала во тогашниот тениски клуб МТП. Нејзин тренер бил Мишко Марковски.