На Тотенхем многу му недостасуваат првиот стрелец Хари Кејн и експлозивниот офанзивец Деле Али, па очекувам во тврд меч Њукасл да се обиде да освои барем еден бод. Во дербито на Лондон нема да има победник, Манчестер јунајтед може да се врати на победнички колосек, а верувам дека бодовите ќе ги освојат и Барнли и Челзи, вели нашиот експерт за англиски фудбал, Ѓорѓи Христов.
Стандардно, поранешниот играч на Барнсли подготви анализа и пет предлог типови за 25. коло во Премиерлигата:
Тотенхем – Њукасл (Сабота, 13.30 часот)
Очекувам тврд меч и малку голови, што беше и пракса на последните натпревари на овие два тима. Тотенхем има проблеми во напаѓачкиот дел, поради отсуството на првиот стрелец Хари Кејн и одличниот Деле Али. И покрај проблемите со пресврт го победија Ватфорд што ќе им даде дополнителен мотив и енергија против разбудениот Њукасл.
Гостите на ист начин како и Тотенхем, победија со пресврт во минатото коло и тоа против шампионот Манчестер сити, што е дополнителен импулс да продолжат да играат подобро.
Фаворит е Тотенхем, но подобра варијанта според мене е да се одигра од 0-2 гола.
Предлог тип: 0-2 (1.95)
Барнли – Саутемптон (Сабота, 16 часот)
Барнли ме изненади со одличната игра против Манчестер јунајтед и заслужи победа. Одиграа квалитетно, во 2019 година немаат пораз во Премиерлигата и можат да ги освојат бодовите против Саутемптон.
Двете екипи се во опасната зона, но покажуваат знаци на подобрување во последно време. И Саутемптон е во серија од четири меча без пораз, но очекувам Барнли да им ја прекине низата.
Предлог тип: 1 (2.60)
Челзи – Хадерсфилд (Сабота, 16 часот)
Со 10 порази на последните 11 натпревари, Хадерсфилд нема што да бара во Премиерлигата. Би било чудо ако успеат некако да се спасат од испаѓање. Сега имаат и млад тренер, Јан Сајферт, кој веројатно полека би требало да создава тим за следната сезона.
Челзи игра лошо во овој период, има два порази по ред без постигнат гол, а се очекува Гонзало Игуаин да ја пополни дупката во нападот. Извесно време играа со лажна деветка, со Азар во таа улога, но сега Белгиецот има можност да игра на својата природна позиција, па би требало да се очекуваат подобри игри од Челзи.
Хадерсфилд нема да се предаде, таква работа не постои во Премиерлигата, но ќе победи домаќинот.
Предлог тип: 1&2-3 гола (2.55)
Кристал Палас – Фулам (Сабота, 16 часот)
Ова е баш соседско дерби, двата клуба ги дели само Темза, а очекувам неизвесна пресметка во Лондон. Фулам направи одличен пресврт против Брајтон и освои многу значајни бодови за да се доближи до зоната за спас.
Но и Кристал Палас е загрозен и мислам дека реален исход би бил реми на градското дерби на Лондон.
Предлог тип: Х (3.40)
Лестер – Манчестер јунајтед (Недела, 15.05)
Манчестер јунајтед игра добро против Лестер и некако тоа е противник кој им одговара според стилот на игра. Лестер нема победа против „црвените ѓаволи“ на девет меча по ред, секако ќе се обиде да го урне гостинот и да му ја сопре серијата од 9 меча без пораз под команда на Солскјер.
Киксот со Барнли, сепак не беше комплетен, со ремито 2:2 се задржа серијата без пораз, а Манчестер покажа моќ и во моменти кога не му одеше ништо во прилог. Со два гола во самиот финиш се спасија од првиот пораз со новиот тренер на кормилото и очекувам тоа да го искористат како дополнителен елан на дуелот со Лестер.
Во ефикасен меч гостите ќе се вратат на победнички колосек.
Предлог тип: 2&3+ (3.25)