Шампионот Макс Ферстапен од Ред Бул ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Велика Британија во Формула 1.
Ферстапен доминираше на патеката Силверстоун, а најинтересна беше првата сесија од квалификациите, кога патеката беше влажна. Една од „жртвите“ на хаосот беше Серхио Перез кој ќе тргне од дури 16-тата позиција.
Изненадија пилотите на Мекларен, Ландо Норис ќе тргне втор, а Оскар Пјастри трети. Зад нив се двајцата пилоти на Ферари, Шарл Леклер односно Карлос Саинс.