На денешен ден пред девет години, фудбалската репрезентација на Бразил го доживеа најголемиот пораз и срам во својата историја, губејќи на неверојатен начин во полуфиналето на Светското првенство кое се одржуваше токму во оваа земја.
Селекцијата на Германија го урна сонот на повеќе од 200 милиони Бразилци, да ја освојат титулата на славната „Маракана“, Панцирите во полуфинале ги декласираа Кариоките со неверојатни 7:1.
Иако Бразилците не мечот кој се играше во Бело Хоризонте, не можеа да сметаат на повредениот Нејмар и суспендираниот Тијаго Силва, никој не се надеваше дека по само 29 минути игра, Германија ќе води со неверојатни 5:0.
Томас Милер, Мирослав Клосе, Сами Кедира и Тони Крос кој двапати ја тресеше мрежата, и донесоа предност на Германија од 5:0, од кои четири даде за шест минути, од 23 до 29-та минута. Андре Ширле со два гола во второто полувреме ја продолжи агонијата на Кариоките. Бразил преку Оскар успеа само да постигне почесен гол.
Ова е убедливо најголем пораз за Бразил на Светските првенства, претходно најубедливиот пораз на Кариоките беше 3:0 од Франција и тоа во финалето на Мондијалот 1998 година.
Бразилците пред точно девет години, го израмнија наубедливиот пораз на еден меѓународен натпревар, претходно и Уругвај во 1920 година си совлада со шест гола разлика (6:0).