ПСЖ го претстави четвртото засилување за новата сезона

Францускиот шампион ПСЖ вечерва и официјално објави дека Ли Канг-ин  е нов фудбалер на Светците.

Ли доаѓа од Мајорка на која ПСЖ и плати 22 милиони евра отштета. Фудбалерот кој има 14 настапи за репрезентацијата на Јужна Кореја игра во средниот ред и може да ги покрие двете крилни позиции . Освен ПСЖ, интерес за 22-годишниот фудбалер пројавуваа и Астон Вила, Наполи и Атлетико Мадрид.

Тој е четврто засилување за Светците ова лето, пред него на „Паркот на принцевите“ пристигнаа и Марко Асенсио, Милан Шкринијар и Мануел Угарте.

https://twitter.com/PSG_inside/status/1677739324870107139?s=20

- Оглас -

Најнови вести