Баерн достави нова, подобра понуда до Тотенхем за Кејн

Германскиот шампион Баерн Минхен доставил нова подобра понуда до Тотенхем за ангажирање на напаѓачот Хари Кејн, објави Радио Монте Карло.

Според радиото, новата понуда на Баерн изнесува 80 милиони евра, односно 10 милиони повеќе од првата понуда која беше експресно одбиена.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, бара повеќе од 100 милиони евра отштета, но бидејќи договорот на Кејн истекува идното лето, никој не сака да ја плати оваа сума.

Кејн веќе ги договори личните услови со Баерн Минхен и медиумите очекуваат до крајот на летниот преоден рок да се реализира трансферот и капитенот на англиската репрезентација да се пресели во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести