Џерард се согласува со Роналдо: Лигата во Саудиска Арабија може да биде меѓу најдобрите

Стивен Џерард прифати да биде тренер во екипата на Ал-Етифак кој се натпреварува во саудиската Про фудбалска лига. Легендарниот англиски фудбалер потенцира дека неговата цел е да го направи ова првенство да биде едно од најсилните во светот.

„Имам амбиции да продолжам да го развивам клубот и да ја направиме лигата да биде една од најдобрите во светот. Мислам дека клубот има чудесна историја и фантастична поддршка. Тоа е многу важно. Мислам дека може да направиме сериозно добра работа“, вели Џерард.

Саудиска Арабија стана планетарно популарна за фудбалерите и тренерите, откако пред шест месеци во Ал-Наср потпиша Кристијано Роналдо. И Португалецот постојано потенцира дека една од главните цели е да ја направи оваа лига да биде една од најсилните во светот.

- Оглас -

Најнови вести