Баерн ќе мора добро да плати ако го сака Кејн, Тотенхем ќе ја одбие и втората понуда

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, ќе ја одбие втората понуда која ја испрати Баерн Минхен за купување на Хари Кејн, објави весникот „Дејли мејл“.

Според весникот, првиот човек на англискиот тим смета дека малку се 80 милиони евра за да се откаже од својот најдобар играч.

Баерн Минхен вчера ја испрати втората понуда за Кејн, откако првата од 70 милиони евра беше експресно одбиена.

Сепак, и англиските и германските медиуми пишуваат дека трансферот на Кејн во Баерн ќе се случи летово, фудбалерот веќе ги договори личните услови со германскиот тим, додека останува уште двата тима да најдат заеднички јазик.

Во Баерн сметаат дека 100 милиони евра се премногу пари за играч чиј договор му истекува идното лето, но се очекува германскиот тим да испрати нова понуда.

- Оглас -

Најнови вести