Ѓоковиќ го загуби првиот сет на Вимблдон, но обезбеди пласман во четвртфиналето

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон откако по голема борба и во меч кој се играше во два различни дена успеа да го совлада полскиот тенисер Хуберт Хуркач со 3-1.

Во првите два сета ниту еден од тенисерите не успеа да направи брејк, па одлуката падна во тај-брејкот, каде што Србинот двапати беше поуспешен и поведе со 2-0. Тука мечот беше запрен поради правилата во Велика Британија да не се одржуваат спортски натпревари по 23 часот по локално време.

Натпреварот продолжи попладнево, а првиот брејк на мечот го направи Хуркач, и тоа во последниот гејм од третиот сет, кој го доби со 7-5 и намали на 2-1. Ѓоковиќ го реши мечот во седмиот гејм од четвртиот сет, кога направи брејк за водство од 4-3 и до крајот на сетот само ја задржа предноста за конечни 6-4 и победа од 3-1.

Противник на Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Вимблдон ќе му биде рускиот тенисер Андреј Рубљов, кој во осминафиналето беше поуспешен од Казахстанецот Бублик со 3-2. Русинот кој на Вимблдон настапува како неутрален спортист во моментов е на седмото место на АТП-листата.

- Оглас -

Најнови вести