Брутални се подготовките во Брентфорд, исцрпените фудбалери паѓаат како покосени (Видео)

Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк, секое лето се обидува да ги тестира физичките можности на играчите и тоа на еден многу специфичен начин, кој во Англија го опишуваат како еден од најбруталните.

Играчите треба да истрчаат 1 километар што е можно најбрзо. Патеката е околу 100 метра и има неколку свртувања од 180 степени. Изразите на лицата на фудбалерите на крајот говори многу.

Данецот Матс Бидструп се покажал како најдобар во предизвикот, километарот го истрчал за 2,57 минути.

- Оглас -

Најнови вести