Србија ги менува правилата, фудбалерите од ЕУ ќе се сметаат за домашни

Фудбалскиот сојуз на Србија воведе револуционерно правило со кое играчите кои имаат државјанство на Европската Унија ќе настапуваат како домашни фудбалери во нивното првенство. Останатите државјани и понатаму ќе се сметаат за странци, а нивниот број останува четири по екипа.

Претходно и Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина донесе слично правило со кое фудбалерите од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија ќе се сметаат како домашни во нивното фудбалско првенство, а од поодамна во Албанија и Косово фудбалерите кои се декларираат како Албанци не заземаат место во квотата за странци.

Слична промена на правилата се очекува од Фудбалската федерација на Македонија, особено поради фактот дека наскоро ќе стапат на сила договорите од Отворен Балкан на земјите од опкружувањето, кои се слични како оние кои важат во Европската Унија, па не само фудбалерите, туку и во останатите спортови ќе треба да се менуваат правилата и да се дозволи настап како домашни спортисти на државјаните на земјите потписнички на договорите од Отворен Балкан.

- Оглас -

Најнови вести