Еден од најтрофејните српски кошаркари, плејмејкерот Милош Теодосиќ, потпиша едногодишен договор со белградската Црвена ѕвезда.
Популарниот Тео има освоено 16 трофеи со клубовите во коишто играл, настапуваше и во НБА-лигата, а во Европа играл во Србија, Грција, Русија и Италија и секаде бил избиран во идеалната петорка на лигата. Со репрезентацијата на Србија има три сребра од големите натпреварувања, а со младите има три злата.
Тој со потписот за Ѕвезда си ја оствари својата стара желба да игра за клубот за којшто навива од мал. Клубот му се заблагодари за желбата која ја искажал во преговорите за да се дојде до конечен договор.
„Со доаѓањето на Милош добиваме многу: Ѕвездаш, искусен плеј, играч со многу големи мечеви во нозете, извонреден преглед на игра, лидер во соблекувална и човек кој во тесните завршници е најдобар. Добре дојде“, објавија Црвено-белите.