Маркета Вондроушова – Елина Свитолина е првата полуфинална двојка во женска конкуренција на тенискиот гренслем-турнир Вимблдон.
Чехинката и Украинката приредија изненадувања затоа што ги елиминираа четвртата, односно првата носителка.
Вондроушова беше подобра од Џесика Пегула со 6-4, 2-6, 6-4 и првпат во кариерата стигна до полуфинале на Вимблдон.
Свитолина ја елиминира првата носителка Ига Швјонтек од Полска со 7-5, 6-7, 6-2 во меч на Централниот терен.
https://twitter.com/i/status/1678789786402693123