Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со голем пресврт успеа да слави во првото коло на Челинџерот во Јаши, Романија. Ивановски по три часа и две минути игра со 4:6,7:6,6:2 го победи Романецот Николас Давид Јонел.
Освен што славеше по пресврт откако го загуби првиот сет, Калин победи тенисер кој се наоѓа на 192-рото место на ранг-листата на АТП и е 180 позиции подобро рангиран.
Во првиот сет беа направени три брејка, прво Јонел во шестиот гем направи брејк, но кога сервираше за сет, Калин успеа да се врати, ја искористи втората брејк топка.
Вториот сет беше маратонски, се играше дури 80 минути и беше решен во тај-брејкот.
Првиот удар повторно го зададе Романецот, кој по освоен гем направи брејк и поведе со 3:5. Одговорот на Ивановски беше шампионски, веднаш возврати и потоа со сигурен сервис го однесе сетот во тај-брејкот. Во него Ивановски направи два мини-брејка и славеше со 7:4.
Во третиот сет, Ивановски дури трипати го одзеде сервисот на противникот и со убедливи 6:2 дојде до триумф и пласман во второто коло, каде што го чека дуел со уште еден Романец, Јуани.