Ѓоковиќ во пресрет на полуфиналето: „Не сакам да бидам арогантен, но секако дека сум фаворит“

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон за противник ќе го има Италијанецот Јаник Синер. Во четвртфиналните натпревари двајцата забележаа победи од по 3-1 против руски тенисери, Србинот против Рубљов, а Италијанецот против Сафиулин.

Нивниот дуел од полуфиналето е закажан за петок во 14:20 часот, а Ѓоковиќ влегува како фаворит во овој дуел.

„Не сакам да бидам арогантен, но секако дека се чувствувам како фаворит. Според резултатите што ги имав во кариерата и на четирите последни настапи на Вимблдон, себеси се сметам за фаворит. Често игравме во исто време, но го гледав првиот сет на последниот натпревар. Сака да игра на брзи подлоги, сака да биде агресивен. Има силен форхенд и бекхенд и сака директна игра. Добро го познавам.Се работи за комплетен играч и со нетрпение го чекам натпреварот. Ќе биде мотивиран, исто како и јас, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави Новак Ѓоковиќ во пресрет на дуелот против Јаник Синер.

Овие двајца тенисери се сретнаа и на минатогодинешниот Вимблдон, но тогаш во четвртфиналето. Италијанецот имаше водство од 2-0, но Ѓоковиќ направи комплетен пресврт и победи со 3-2.

- Оглас -

Најнови вести