Легендата на шпанската кошарка демантира дека ќе се врати во Барселона: „Лажат!“

Рики Рубио е жива кошаркарска легенда во Шпанија. Триесет и тригодишниот плејмејкер веќе 12 години е дел од НБА-лигата, а на кошаркарската сцена е неверојатни 19 години бидејќи на 14 години дебитираше за првата екипа на Хувентуд, а со 16 години веќе беше сениорски репрезентативец на Шпанија.

Во моментов е дел од екипата на Кливленд во НБА-лигата, а шпанскиот весник „Мундо депортиво“ објави сензационална вест дека кошаркарот летово ќе се врати во Барселона.

Сепак, сето ова го демантираше самиот кошаркар, кој напиша:

„Извори блиски до Рики Рубио ми велат дека ‘Мундо депортиво’ лаже. Но, добро, моите извори не се релевантни како нивните.“

Рики Рубио со репрезентацијата на Шпанија освои две Европски првенство, во 2009 и 2011, како и две бронзени одличја во 2013 и 2017. Беше светски шампион на првенството во Кина во 2019, а од Олимписките игри има сребрен медал од 2008 и бронзен од 2016.

Во својата кариера има настапувано за Хувентуд и Барселона во шпанската АЦБ-лига, а во НБА освен за Кливленд, настапуваше и за Минесота, Јута и Феникс.

 

- Оглас -

Најнови вести