Се знаат од деца, играа заедно во пар како 13-годишни, а денеска еден против друг ќе водат битка на Вимблдон

Карлос Алкарас и Холгер Руне попладнево ќе играат меѓу себе во последното четвртфинале на Вимблдон, а иако билансот во нивните официјални дуели е 1-1, овие врсници безброј пати на тренинзи играле еден против друг, некогаш дури и заедно како дубл.

Шпанецот и Данецот имаат по 19 години, а пред шест години како тандем играа во двојки на еден турнир.

„Холгер и јас во минатото имаме доживеано многу убави моменти заедно. Се познаваме многу добро, игравме и заедно, возбуден сум, претпоставувам дека и тој се чувствува исто“, рече Алкарас, кој ако загуби денеска, ќе го загуби првото место на АТП-листата.

Еве како изгледаа Алкарас и Руне во 2017 година:

https://twitter.com/i/status/1678501344469217280

- Оглас -

Најнови вести