Баерн подготви нова понуда која треба да биде доволна за Тотенхем да го пушти Кејн

Германскиот шампион Баерн Минхен подготви нова, досега најдобра понуда за капитенот на Тотенхем, Хари Кејн.

Првиот човек на англискиот премиерлигаш, Даниел Леви, ги одби првите две понуди на Баерн кои изнесуваа 70 и 80 милиони евра барајќи најмалку 100 милиони и германскиот тим му ја исполни желбата.

Германските медиуми пишуваат дека Баерн денеска испратил нова понуда, тешка 100 милиони евра.

Кејн веќе ги договори личните услови со Баерн и поради желбата да се пресели во Бундеслигата, ја одби понудата на Леви да потпише нов договор со Тотенхем за неделна плата дури од 400.000 фунти.

- Оглас -

Најнови вести