Лионел Меси сè уште не знае до кога ќе настапува за аргентинската репрезентација иако самиот е свесен дека се наоѓа на залез на кариерата.
Меси кој има 36 година, во декември минатата година, конечно го освои трофејот кој му недостасуваше во неговата колекција, со репрезентацијата на Аргентина стана светски шампион.
Аргентинците се надеваат дека Меси ќе ги предводи Гаучосите на следното СП кое ќе се игра 2026 година во САД, Мексико и Канада, но фудбалерот, не може да даде никакво ветување.
„Искрено не знам до кога ќе играм за мојата Аргентина. Кога ќе успеете да освоите сè што може да се освои, единствено што ви преостанува е да уживате. Бог ќе ми каже кога ќе дојде моментот да се простам од репрезентативниот дрес. Поради мојата возраст, логично е тоа да се случи наскоро, но не знам точно кога ќе дојде моментот. Не беше лесно да се помине низ сите предизвици во последните години, но имавме среќа да станеме светски шампиони и да триумфираме на Копа Америка. Сега е време за уживање“, изјави Меси.