Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски, за в понеделник (17 јули) го закажа официјалниот собир на репрезентативците за стартот на подготовките пред Европското пренство, кое од 28 август до 16 септември ќе се игра во Македонија, Италија, Бугарија и Израел.
Според планот на селекторот Миленковски, официјалниот собир е закажан за в понеделник на пладне во хотелот „Русија“ во Скопје, а истиот ден, од 19 часот ќе биде одржан првиот тренинг во СЦ „Јане Сандански“.
Миленкоски на подготовките ќе повика 20 одбојкари, а одбојкарите во Скопје ќе тренираат се до 8 август, кога ќе заминат на во Кавадарци каде ќе одиграат пријателски натпревари со селекциите на Израел и Јапонија.
По враќањето во Скопје, нашата репрезентација ја очекуваат уште три пријателски средби со селекцијата на Романија. Во финишот на подготовките ќе се одржи и меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ кој ќе претставува последна проверка пред настапот на ЕП.
Македонија по третпат ќе игра на Европско првенство, се наоѓа во групата Ц која ќе се игра во Скопје, заедно со селекциите на Чешка, Данска, Црна Гора, Холандија и Полска.
Првиот натпревар на ЕП, Македонија ќе го игра на 30 август против Данска.