ФИФА ќе им подели 209 милиони долари на клубовите чии фудбалери настапија на СП во Катар

Светската фудбалска организација, ФИФА, ќе им подели вкупно 209 милиони долари на клубовите чии играчи настапија на Светското првенство во Катар минатата година.

Компензација ќе добијат вкупно 440 клубови од 51 земја за 837-те фудбалери кои беа дел од турнирот во Катар. “Дневницата“ изнесува 10.950 долари за секој ден поминат на Светското првенство без разлика дали и колку фудбалерот играл.

Екипата на Манчестер Сити ќе добие најголема сума, и тоа 4.596.445 долари, а следуваат Барселона со 4.538.955 долари и Баерн Минхен со 4.331.809 долари.

Вкупно 46 англиски клубови ќе поделат најголема сума, ако се сортираат клубовите по држава. Речиси една петтина или 37.713.297 долари, а потоа следуваат екипите од Шпанија, Германија, Италија и Франција.

За споредба, во 2018-тата година за Светското првенство во Русија на клубовите им беа поделени по 8.530 долари за секој ден поминат како дел од турнирот.

- Оглас -

Најнови вести