Во Италија не ретко се случува некој клуб да добие санкција исфрлање во понизок ранг, а последен кој тоа го почувствува „на своја кожа“ е Реџина. Овој клуб кој во минатото беше дел и од Серија А, сега е исфрлен од Серија Б и тоа поради административни неправилности и работење кое не е во склад со правилникот.
По исфрлањето на Реџина, Серија Б останува со 19 клубови, што значи дека се чека одлука кој ќе биде 20-тиот тим во второто по ранг натпреварување во италијанскиот фудбал.
Реџина поднесе жалба и се надева на позитивен исход, но во случај ако првичната одлука остане во сила, се очекува Чезена да добие повик од Серија Ц да „скокне“ еден ранг повисоко.