Шкупи го торпедираше Хегелман во Литванија и уште сега може да почне да се подготвува за двомечот со Левски

Фудбалерите на Шкупи уште во првиот меч ги решија дилемите околу победникот во првото квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции.

Македонскиот вицешампион со убедливи 5:0 славеше на гостувањето кај литванскиот Хегелман и уште од утре може да започне со подготовките за следната рунда каде ги очекува двомеч со Левски Софија.

Дилемите околу победникот и патникот во второто квалификациско коло, Шкупи ги реши уште во првото полувреме во кое постигна три гола. Цефас го отвори резултатот во 11-та минута, а истиот фудбалер во 46-та минута постигна уште еден гол.

Куевен во 23-та минута по асистенцијата на Тимовски постигна гол за 2:0. Интернационалецот од Јамајка, Реналдо Цефас, одличната игра ја круниса со уште два гола во второто полувреме. Во 56-та минута погоди за 4:0, а во 62-та минута го постави конечниот резултат.

Реваншот кој ќе се игра идниот четврток, ќе претставува формалност за Шкупи, додека двата натпревари против Левски во второто квалификациско коло се закажани за 27 јули во Скопје и за 3-ти август во Софија.

- Оглас -

Најнови вести