„Пукна тиквата“ меѓу Ајакс и Тадиќ, голем клуб од Истанбул трие раце

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ, побарал раскин на договорот со Ајакс, што треба да биде прв конкретен чекор кон трансфер во турски Бешикташ.

Тадиќ во Ајакс е и 2018 година, ја носеше капитенската лента, но летово веројатно ќе ја смени клупската средина. Наместо на тренинг, Тадиќ со менаџерот бил на состанок со претставници на Ајакс, и им најавил дека сака да си оди. Ајакс би заштедил 6,5 милиони евра ако го ослободи Тадиќ.

Ајакс планира подмладување и 34-годишниот Тадиќ почувствувал дека не е во плановите, а на Србинот не му се допаднало ни тоа што Копјаниците не сакаат летово да трошат многу пари за засилувања.

- Оглас -

Најнови вести