Според англиските медиуми, Арсенал и Вест Хем постигнале договор околу висината на обесштетувањето за Деклајн Рајс и тој во новата сезона ќе настапува за “топчиите“.
Арсенал ќе му плати на Вест Хем 122 милиони евра, а доколку се реализираат сите бонуси, тогаш висината на трансферот ќе достигне 140 милиони евра.
Ова ќе биде најголемиот трансфер во Премиер лигата, а Рајс ќе биде англиски рекордер како фудбалер за кого е платено највисокото обесштетување.