Баерн ја зголемува понудата, но Тотенхем сега му нуди нов договор на Кејн

Баерн Минхен и ПСЖ се заинтересирани да го откупат договорот на Хари Кејн од Тотенхем, но ситуацијата сега се компликува, откако клубот од Лондон и официјално му понуди нов договор на англискиот репрезентативец.

Тотенхем бара 140 милиони евра за Кејн, сума која не е подготвен да ја плати никој. Поради високото обесштетување пропадна неговиот трансфер во Реал Мадрид, а Баерн Минхен ја зголеми понудата од 70 на 80 милиони евра, што е далеку од она што го бара премиерлигашот.

И ПСЖ се споменува како заинтересирана страна, но до сега не е познато дали клубот од Париз официјално испратил понуда.

Договорот на Кејн со Тотенхем истекува следното лето и тие сакаат да заработат, бидејќи во спротивно тој ќе си замине како слободен фудбалер. Токму затоа раководството на Тотенхем и официјално на Кејн му понуди нов договор со кој би заработувал по 470.000 евра неделно, а после завршувањето на кариерата би останал како дел од клупската структура.

Хари Кејн неколкупати изјавуваше дека сака нов предизвик во кариерата и да се пресели во клуб со кој ќе освојува трофеи.

- Оглас -

Најнови вести