Ѓоковиќ беше провоциран од публиката, а тој само кратко одговори: “Се е тоа љубов“

Новак Ѓоковиќ со 3-0 го победи Јаник Синер и обезбеди пласман во финалето на Вимблдон, каде за противник ќе го има Карлос Алкарас.

Србинот проблеми имаше само во третиот сет против Синер, дури во еден момент можеше лесно и да го загуби сетот откако противникот имаше 40-15 на негов сервис, што ќе значеше бреј и намалување на 2-1. Публиката постојано го провоцираше во обид да го деконцентрира, а еден од гледачите извикуваше и “Вамос Рафа“.

Сепак, Ѓоковиќ не дозволи да биде испровоциран и со четири поени во серија во освои гејмот, а потоа на тв-преносот можеше да се забележи дека упати погрдни зборови на српски кон гледачот кој го провоцираше.

После натпреварот од еден новинар беше запрашан за неговиот однос со публиката, а србинот само кусо прокоментира: “Се е тоа љубов и прифаќање“.

- Оглас -

Најнови вести