Легендарниот голман на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Холандија, Едвин ван дер Сар, се чувствува подобро и веќе е отпуштен од клиничката болница во Сплит. Тој минатата недела имаше внатрешно крварење на мозокот и беше хоспитализиран во хрватскиот приморски град каде беше на годишен одмор.
Неговиот менаџер Роб Јансен за холандските медиуми ја објасни неговата состојба, велејќи дека е стабилно, но дека дијагнозата е многу сериозна.
– “Едвин ван дер Сар помина низ темелни дијагностички прегледи, а сите резултати ги споделувавме со колегите во Загреб и Холандија и заедно носевме одлуки околу терапијата. Состојбата му се подобри и одлучивме дека може да патува во Холандија и таму да го продолжи лекувањето.“ – рече директорот на клиниката за неврологија во Сплит, др. Крешимир Чаљкушиќ.