Директорите на Баерн се оптимисти дека Кејн ќе потпише за германскиот шампион

Челниците на Баерн Минхен се убедени дека наскоро ќе го комплетираат трансферот на Хари Кејн од Тотенхен. Првите две понуди беа одбиени од претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, кој чекајќи ја третата понуда од Баерн, му понуди нов договор на Кејн со кој ќе заработувал 400.000 фунти неделно.

За наредната недела во Лондон е закажана средба меѓу Леви и челниците на Баерн во Лондон, а поранешниот директор на германскиот тим, Ули Хенес, изјави дека трансферот ќе се случи набрзо.

„Хари Кејн јасно кажа дека одлуката ја донел. Ако го исполни зборот, тогаш ќе го потпишеме. Тотенхем ќе мора да се откаже, чекаме Леви да ја каже сумата. Хари сака да игра во Лигата на шампионите, а Тотенхем ќе го нема таму следната сезона“, изјави Хенес за германските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести