Епски гејм: Алкарас води со 2-1, а клучниот гејм се играше 26 минути, претрчаа 1.3 километри (Фото)

Петтиот гејм од третиот сет на финалниот натпревар на Вимблдон помеѓу Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ може да влезе во историјата на тенисот како еден од најдолгите. Тоа беше клучниот момент во сетот кој на крајот му припадна на Алкарас со 6-1, со што направи пресврт и поведе со 2-1.

Дури 26 минути беа потребни да се одлучи кој ќе го освои гејмот, а тоа му успеа на шпанецот дури откако ја искористи седмата брејк топка. Претходно Ѓоковиќ имаше осум гејм топки, а резултатот беше израмнет дури 13 пати.

За да го освои клучниот гејм во третиот сет, Алкарас претрча 718 метри, а Ѓоковиќ далеку помалку, односно само 595 метри.

- Оглас -

Најнови вести