Продолжува драмата на Централниот терен на Вимблдон, каде се игра големото финале помеѓу најдобрите двајца светски тенисери во моментов, Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ.
Четвртиот сет заврши во корист на Србинот, кој израмни на 2-2, откако претходно поведе со 1-0, но шпанецот направи комплетен пресврт и имаше водство од 2-1.
Клучниот момент во сетот се случи во петтиот гејм, во кој Ѓоковиќ направи брејк и само рутински го доработи сетот, а до крајот дојде до уште еден брејк за конечни 6-3.
Режисерот на мечот се присети на еден историски момент, кој гласи дека Новак Ѓоковиќ нема пораз на Централниот терен на Вимблдон цели 10 години и 9 дена, односно од 7-ми јули 2013-тата кога во финалето загуби од домашниот тенисер Енди Мареј со максимални 3-0.