Челзи и го украде на Барселона младиот бразилски фудбалер за 15 милиони евра

Екипата на Челзи успеа да стигне до потписот на 18-годишниот бразилец од Сантош, Анхело Габриел, и така да и го украде на Барселона која долго преговараше и пред негов ангажман.

Клубот од Лондон ќе му плати на Сантош 15 милиони евра, иако неговата вредност во моментов е 13 милиони евра, а неговиот досегашен клуб бараше минимум 20 милиони евра, сепак, неговиот договор истекуваше следното лето, па Челзи го купи со мал попуст.

Сепак, тој нема да игра веднаш за Челзи, туку ќе оди на позајмица во Страсбур, клубот кој пред извесно време беше купен од конзорциумот кој е во сопственост на Тод Бојли, кој воедно е и сопственик на премиерлигашот.

- Оглас -

Најнови вести