Славниот велшки репрезентативец, Арон Рамзи, после 15 години се врати дома, во клубот каде ги направи првите фудбалски чекори, Кардиф.
33-годишниот фудбалер својата светска слава ја доживеа со настапите во Арсенал од 2010-тата до 2019-тата година, период во кој за “топчиите“ одигра 369 натпревари и постигна 64 голови.
Во кариерата освен за Кардиф и Арсенал, настапуваше и Нотингем Форест, Јувентус, Глазгов Ренџерс и за екипата на Ница од каде слободен агент се пресели во Кардиф.
Рамзи за репрезентацијата на Велс има одиграно 81 натпревари, на кои постигнал 20 голови.
https://twitter.com/CardiffCityFC/status/1680291153369759746?s=20