Игор Ангеловски после само три месеци си замина од Каспиј: Не сакам да си го уништувам името!

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски, после само три месеци го заврши престојот во казахстанскиот клуб Каспиј и на прес-конференција објави дека заминува.

После поразот од Жетису по кој Каспиј остана претпоследен на табелата, екс македонскиот селектор реши да си замине.

„Напорно работев за да го стекнам своето име и сега не сакам да го загубам. Решив да го напуштам своето работно место. Оваа порака им ја пренесов на играчите и управата. Се надевам дека ќе се создадат услови за следниот тренер. Верувам дека фудбалскиот клуб Каспиј ќе остане во казахстанската Премиер лига. Би сакал да им се заблагодарам и да посакам успех на сите што работат во фудбалскиот клуб. Особено сум им благодарен на навивачите“ – изјави популарниот Мрме, кој имал проблеми околу составот, бидејќи од клубот си заминале многу играчи, па морал да работи со младинци.

- Оглас -

Најнови вести