Неверојатна, повеќе бизарна ситуација се случи во кваликациите за турнирот во Баштад, Шведска, а во главата улога беше тенисерот од БиХ, Дамир Џумхур.
Тој се појави на теренот на кој требаше да игра против Филип Мишолиќ, но потоа направи нешто неверојатно. Мечот започна со негов сервис, а откако ретернираше, Џумхур не се обиде да го врати топчето, туку се упати кон мрежата и го предаде мечот.
Засега нема информација дали станува збор за повреда, се организаторот на турнирот во Баштад се сомнева дека станува збор за замор од маратонскиот меч кој Џумхур го играше вчера против Италијанецот Маестрели (6:4,2:6,7:6)