Вимблдон го казни Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до 24-тата грен-слем титула во кариерата и загуби со 3-2 од шпанскиот тенисер Карлос Алкарас во финалето на Вимблдон.

Во петтиот сет Алкарас брзо направи брејк и дојде во водство кое успеваше да го одбрани до крајот на сетот. Тоа кај Ѓоковиќ предизвика нервоза, а бесот го истури врз рекетот и мрежата. Тој за време на мечот беше опоменат од страна на главниот судија, сега и раководството на турнирот му изрече казна.

Србинот е казнет со 6.117 фунти, односно нешто над 7.000 евра, сума што нема да биде никаков проблем за Ѓоковиќ да ја плати.

- Оглас -

Најнови вести