Пет натпревари со фантастични квоти се дел од Квотите на денот на Sport Life (Фото)

Пет натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите се дел од понудата со Квоти на денот во Sport Life. Вкупната квота на сите натпревари е точно 81.2.

Екипата на Струга Трим Љум денес го игра реваншот против литвански Жалгирис и за разлика од првиот натпревар, денес се очекуваат погодоци. Предлогот за овој натпревар е во двете полувремиња да има помеѓу еден и три погодоци, а квотата за оваа игра е 2.40.

Екипата на Шериф Тираспол како фаворит влегува против романскиот Фарул Констанца и се очекува да победа, а според предлогот потребен е и еден погодок во второто полувреме за да биде добитна квотата од 2.35.

Шампионот на Босна и Херцеговина, Зрињски од Мостар, забележа победа од 0-1 на гостувањето кај ерменски Урарту и со едната нога веќе е во второто квалификациско коло. Босанците денес се големи фаворити, а предлогот за овој натпревар е домашните да постигнат најмалку еден погодок во првото полувреме, односно најмалку два на целиот натпревар. Квотата за оваа игра е 2.45.

Екипата на БАТЕ Борисов успе да остане непоразена на првиот натпревар во Тирана, против Партизани, а денес е фаворит. Предлог за овој натпревар е да се одигра двојна шанса на домашната екипа и на целиот меч да бидат постигнати помеѓу два и четири погодоци. Квотата за овој предлог е 2.40.

Ефикасен фудбал се очекува на дуелот помеѓу исландскиот шампион Бреидаблик и ирскиот Шамрок. Екипата на Бреидаблик направи голем чекор кон пласманот во следната рунда и победи на гости со 1-0, а денес се очекуваат голови во двете мрежи. Според предлогот головите треба да бидат распределени во двете полувремиња. Квотата за овој натревар е 2.45.

- Оглас -

Најнови вести