Фановите на Интер бесни на „предавникот“ Лукаку, а не им се допаѓа ни засилувањето Квадрадо

Фановите на Интер излегоа со соопштение дека веќе не сакаат да го видат напаѓачот Ромелу Лукаку кој во минатата сезона настапуваше за Нераѕурите како позајмен од Челзи.

Белгиецот дури и го бакнуваше амблемот на Интер, за што му замеруваа навивачите на Челзи, а Лукаку во 2021 година изјавуваше и дека во Италија нема шанса да игра за друг клуб освен за Интер.

Но, летово Лукаку ја прифати понудата од Јувентус кој му нудеше најмногу пари, па тоа предизвика незадоволство кај Сино-црните од Милано кои сметаат дека им забил нож во грб и дека не е вистински маж.

Навивачите на Интер се незадоволни и од најавите дека клубот ќе потпише со Колумбиецот Хуан Квадрадо. Тие бараат состанок со Квадрадо пред тој да потпише, за да му ги објаснеле нивните „вредности“.

Квадрадо кој од 2015 година до пролетва играше за Јуве, не е омилен поради мамење и глумење на терен, а и поради тепачката со Лукаку поради која доби суспензија од три меча во Купот на Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести