Трагедија ја потресе фудбалска Аргентина, откако еден млад фудбалер изврши самоубиство. Тоа е истиот фудбалер кој неодамна крвнички претепа судија на сред натпревар.
⚽️ #AHORA 🇦🇷 (Crystal Generation) Se suicidó Williams Alexander Tapón, de 24 años ,el joven que le dio una patada en la cabeza a un árbitro en un partido de fútbol 🎥 pic.twitter.com/8bHXm36fFG
— INFOMEDIA 🇦🇷 (@Infomedia24hrs) July 18, 2023
Вилијам Александер Тапон кој имаше само 24 години си го одзема животот со огнено оружје и тоа на железничка станица во градот Авеланеда, пренесува весникот „Оле“, пренесувајќи цитат на сестрата на Вилијамс кој го потврди самоубиството.
„Мојот брат изврши самоубиство поради сите сра*а кои му ги приредија, за се тоа што го обвинуваа. Го водиме вo мртовечница, тој се самоуби“, објасни неговата сестра.
До оваа трагедија дојде откако фудбалерот за време на еден меч од пониските лиги во Аргентина, крвнички го претепа судијата Кристијан Ариел Паниања. Арбитарот покажа жолт картон на еден соиграч на Тапон, а 24-годишниот фудбалер неочекувано го нападна судијата и буквално го нокаутираше. Два пати го удри со бокс во лице, а потоа го „финиширање“ со клоца во вратот. Потоа мирно си замина од теренот.
Se suicidó esta noche Williams Alexander Tapón, el jugador de fútbol amateur que había agredido salvajemente a un árbitro en Sarandí: estaba por ser detenido por "homicidio agravado por alevosía en grado de tentativa en el contexto de un espectáculo deportivo". Se pegó un balazo. pic.twitter.com/L3KT4uZhPy
— sᴇʙᴀ ᴄᴏɴᴅᴇ ⚜ Montecristo ⚜ (@SebaConde43) July 18, 2023
Поради овој инцидент, фудбалерот се најде на жестоки осуди во јавноста, а судијата подигна тужба за обид за убиство. Токму овие притисоци биле причина за Тапон да реши да изврши самоубиство, потенцираа од неговото семејство.