Сега веќе поранешниот претседател на Вардар, Михајло Михајловски, вели дека Црвено-црните сигурно ќе бидат дел од СЕХА-лигата доколку се игра во претстојната сезона.
Вардар минатата сезона заврши на третото место во домашниот шампионат, и според пропозициите на СЕХА, не би требало да настапи бидејќи од Македонија во регионалното натпреварување играат само двете најдобри екипи.
Но, Михајловски е убеден дека Вардар и покрај тоа ќе биде дел од СЕХА-лигата, доколку воопшто се игра.
„Ако СЕХА-лигата продолжи да се игра, Вардар сигурно ќе биде дел од неа. Ние петпати ја освоивме титулата. Сепак неизвесно е дали воопшто СЕХА-лигата ќе се игра поради проблемите што ги има главниот спонзор Гаспром, кој поради санкциите врз Русија не може да ги исполни финансиските обврски“, вели Михајловски.