ПСЖ купи фудбалер кој минатото лето го пушти да си замине како слободен агент!

Екипата на ПСЖ го врати во своите редови Чави Симонс од ПСВ Ајдховен за 4 милиони евра, откако минатото лето го пушти да си замине без обесштетување. “Светците“ ја искористија клаузулата во неговиот договор, според која можат да го откупат неговиот договор за 4 милиони евра.

Сепак, 20-годишниот холандски репрезентативец оваа сезона нема да настапува за ПСЖ, туку веднаш е пуштен на позајмица во бундеслигашот Лајпциг.

Неговата моментална вредност според Трансфермаркет е 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести