Ливерпул го продаде капитенот, Хендерсон оди кај Џерард во Ал-Етифак

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, и дефитивно си оди од “Енфилд“, откако британските медиуми објавија дека тој ги договорил личните услови со Ал-Етифак. Клубот каде неодамна за тренер дојде славниот англичанец Стивен Џерард ги договорил сите детали и со Ливерпул и реализацијата на овој трансфер се очекува многу скоро.

Легендата на Ливерпул, Џерард, инсистираше на овој трансфер уште откако седна на клупата на клубот од Саудиска Арабија, а сега веќе и ќе му се исполни оваа желба. Хендерсот со Ал-Етифак ќе потпише тригодишен договор.

За Ал-Етифак настапува и македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.

 

- Оглас -

Најнови вести