Пет натпревари со вкупен коефициент од 91.6 во Квоти на денот (Фото)

Пет натпревари со одлични коефициенти се дел од Квоти на денот во Sport Life. Тука се и натпреварите на Шкупи и Шкендија во Конференциската лига, а нашите екипи и денес се фаворити. Вкупната квота од сите пет натпревари е 91.6.

Понудата започнува со дуелот од Купот на Израел помеѓу Хапоел Бер-Шева и Макаби Тел-Авив. Дуел без изразит фаворит кој се очекува да биде ефикасен. Токму затоа предлогот за овој натпревар е дека ќе има најмалку еден погодок во првото полувреме и вкупно најмалку три на целиот натпревар. Квотата за оваа игра е 2.15.

Екипата на Сутјеска е голем фаворит на гостувањето во Сан Марино и се очекува да го потврди пласманот во следната рунда од Конференциската лига. Тимот од Црна Гора забележа минимална победа од 1-0 на домашен терен против Космос, а сега се очекува да постигне помеѓу еден и три погодоци во двете полувремиња. Квотата е 2.45.

Шкендија повторно е голем фаворит против Хаверфордвест од Велс и се очекува вечерва на гостински терен да го потврди пласманот во второто коло од Конференциската лига. Шкендија ќе победи и на дуелот ќе бидат постигнати помеѓу 3 и 5 голови е предлогот за овој натпревар со одлична квота од 2.55.

Чаирски Шкупи со победа од 5-0 на гости против Хегелман веќе го има обезбедено пласманот во понатамошниот дел од Конференциската лига, а вечерва се очекува повторно ефикасен натпревар. Предлогот за овој натпревар е Шкупи да постигне најмалку еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар. Квотата за оваа игра е 2.20.

Најголема квота во понудата има за натпреварот од Лига Купот на Боливија помеѓу Реал Санта Крус и Стронгест. Предлогот за овој меч е двете екипи да постигнат погодок, но и на мечот на бидат постигнати два или три голови. Квотата е фантастична, 3.10.

- Оглас -

Најнови вести