Светскиот боксерски првак стана професионален фудбалер

Светскиот првак во тешка боксерска категорија во верзиите на ВБО и ИБФ, Олександер Усик реши да се проба во друг спорт. Усик беше промовиран како нов фудбаклер на украинскиот прволигаш Полисја.

Ова е клуб кој минатата сезона се натпреварување во втората лига, но со успешните настапи се избори за влез во елитното украинско друштво.

Усик и минатата сезона одигра еден меч за овој клуб, но тоа беше од пријателски карактер. Тогаш тренираше со фудбалерите за да остане во форма пред мечот со Ентони Џошуа. Сега, Усик реши да остане во фудбалот и потпиша едногодишен професионален договор.

Освен фудбалската кариера, Усик останува во боксерските води и веќе следниот месец во Вроцлав, ќе ги брани шампионските појаси против Даниел Дубоис.

- Оглас -

Најнови вести